Брзо и безбедно до Вашите резултати

Портал за електронска дистрибуција на лабораториски резултати

Што е моЕ-здравје?

моЕ-здравје е портал за електронска дистрибуција на резултати од медицински испитувања до пациентите. Порталот е интегрален дел од Cx Health, платформата за интеграција и размена на податоци помеѓу информациони системи во здравството, преку која се овозможува флексибилен и високо обезбеден пристап до медицинските податоци како на пациентите така и на медицинските работници. моЕ-здравје на пациентите им овозможува брз и безбеден пристап до резултатите и наодите од медицинските испитувања кои се изработени во установи што се членки на овој портал, во било кое време и на било кое место каде што е достапна интернет конекција

Како функционира моЕ-здравје?

Пациентот се пријавува за користење на електронска дистрибуција на резултати во некоја од здравствените институции кои се партнери на порталот.
Од моментот на регистрација пациентот може да пристапи на порталот со свое корисничко име и лозинка. Сите резултати од испитувања кои се извршени во установите – партнери на порталот, ќе бидат достапни за увид и преземање.

За кого е наменет?

моЕ-здравје е наменет за две категории на корисници - Пациенти, кои преку порталот имаат можност да пристапат до своите резултати од медицинските испитувања, во било кое време и од било кое место
- Лекари, кои ги нарачале медицинските испитувања за пациентите, па резултатите од истите може да ги добијат директно во своите софтверски апликации (доколку апликациите се интегрирани со порталот)